Професорката Катерина Колозова во интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС изјави дека претензиите за чиста нација се нарекуваат фашизам, па макар и истата да претендира дека е родена од антифашизмот.

„Ценети интелектуалци, имаат комплетно отсуство на рефлексија кога зборуваат за самите себе. Прво за сопствената нација дека од таков антифашистички, без никаква дамка корен и второ тие самите се потомци на партизани итн. Значи никнати од такво чисто антифашистичко потекло, а од друга страна не забележуваат дека цела една друга нација ја сведуваат на еден период од историјата и сметаат дека е во ред и ден денес да гледаат на тој начин.“, изјави Колозова.

Што уште кажа професорката Колозова погледнете во видеото што следи: