Професорката Катерина Колозова во интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС изјави дека лошата инфраструктура меѓу РС Македонија и Р. Бугарија има врска со југословенскиот период. Според неа тоа не е случајно, бидејќи се граделе автопати на југ и на север, а денес се градат и на запад, а инфраструктурата кон Бугарија личи на полска патека.

„Јас мислам дека тоа што сме толку лошо поврзани инфрастуктурно исто така има врска со југословенскиот период. Според мене тоа не е случајно, вие имате такви магистрали кон југ, кон север, па еве сега и на запад се градат, само овде имате полска патека што би се рекло“, вели Колозова во интервјуто за БГНЕС.