РС Македонија мора да ги почитува правата на своите граѓани со бугарски идентитет, што е една од главните европски вредности и исклучително важен услов за членство во Европската унија. Ова го изјави Петар Колев, лидер на партијата Граѓанскo Демократска Унија за бугарската ТВ куќа БТВ, пренесува БГНЕС.
„Пријатно сум изненаден од јасната и конкретната позиција зошто Бугарија не дозволува почеток на преговори со РС Македонија. За прв пат бугарската страна потенцираше прашање што е многу важно за мене, а имено неисполнувањето на критериумите од Копенхаген во насока на непочитување на човековите права, во насока на дискриминација на луѓето во РСМ кои себе си се идентификуваат како Бугари“, рече лидерот на партијата Граѓанско Демократска Унија
.Според него, ова е важен сигнал дека двете страни нема да зборуваат само за историјата.
„Како што велеше еден мој драг пријател, Панде Ефтимов, спорот меѓу Бугарија и Македонија околу историјата е како спорот дали Земјата е округла … Секој што чита на кирилица може да најде информации за историјата“, посочи Петар Колев.
Тој го опиша однесувањето на македонскиот премиер Зоран Заев како неискрено, а тоа се виде при неговата посета на Софија.
„Заев на крајот од мандатот на претседателот Румен Радев се сети дека во Бугарија има претседателска институција. Ова е крајно неискрен однос од негова страна и тоа е очигледно“, рече Петар Колев.
Според него, јасната и недвосмислена позиција на претседателот Радев покажува дека предлозите дадени од премиерот Заев за време на неговата посета на Бугарија биле неискрени или имале за цел да добијат грантови без никакво залагање од Македонија за решавање на отворените прашања.
„Македонската влада ја проспа бугарската рамковна позиција донесена пред две години. Таа не презеде чекори за да најде директно решение со Софија. Наместо да бара дијалог со Софија, македонската влада одлучи да разговара со лидерите во Вашингтон, Брисел и Берлин, што пак не дозволи нормален дијалог со бугарските институции и лидери“, резимираше Петар Колев.
Целото интервју со Петар Колев погледнете го на следниот линк.
Извор: Трибуна