„РС Македонија намерно бара конфликт со Бугарија за да не стане дел од ЕУ. Таа не сака да стане дел од ЕУ бидејќи сегашните македонски политичари и партиски лидери, не можат да функционират во една здрава и нормална европска земја, каква што сака да биде РС Македонија. Тие ги штитат само своите лични економски интереси“, вели во видео-анализа за БГНЕС, Петар Колев, претседател на политичката партија Граѓанско демократска унија.
Според Колев говорот на омраза во РС Македонија насочен кон Бугарија е трајно наметнат и таа реторика не е само во учебниците, туку истиот манир се користи и од политичарите и од новинарите.
„Знаеме дека македонските медиуми многу често користат финансирање и субвенции од државниот буџет. И, ако тоа не може да се случи во приватниот сектор, останува клучното прашање со државните медиуми. Овој говор на омраза го има во МИА, и во македонската национална телевизија и радио“ вели Колев.
Што уште кажа првиот човек на ГДУ пред БГНЕС погледнете во видеото што следи:
Извор: Трибуна