Македонското општество после повеќе од 2-3 години се судри со политичката реалност каква што е. Некој повеќе од 3 години го убедуваше нашето општество дека под некој меѓународен притисок или поради некоја друга причина Бугарија ќе го смени својот став.

Ова го изјави Бугаринот од Македонија и лидер на „Граѓанската демократска унија“ во РСМ Петар Колев за Еуроњуз Бугарија, пренесува Трибуна.

Според него, пред нас е голема можност – сосема нови односи меѓу Бугарија и РСМ од една страна и меѓу РС Македонија и ЕУ од друга страна.

Тој повика на општо прославување на Илинденско-Преображенското востание на 2 август.

Мислам дека е исклучителна можност оваа година на 2 август да направиме модерно, европско и достоинствено одбележување на Илинденско-Преображенското востание, кое е дел од нашата заедничка историја. Ова ќе даде јасен сигнал и на бугарското и на македонското општество дека сме подготвени да чекориме по овој нов пат и да ја искористиме оваа можност, вели Колев.

Целиот напис и видеото погледнете ги овде.