Кристијано Роналдо не е само одличен фудбалер, туку и голем спортист кој покажува од натпревар во натпревар.

Роналдо по 12 години се врати во Манчестер Јунајтед и веднаш го презеде статусот на лидер во таборот на „Црвените ѓаволи“. Тој постигна три гола на три натпревари.

Во последниот натпревар против Вест Хем, Манчестер Јунајтед успеа да победи со 1:2, а стрелец на првиот гол беше Португалецот.

Меѓутоа, со нешто друго, Роналдо го импресионираше фудбалскиот свет покажувајќи уште еднаш дека е вистинска фудбалска машина.

Имено, иако има 36 години, Роналдо ја постигна најголемата максимална брзина во играта. Тој истрча 32,51 км/ч.

На пример, најблиску до Роналдо беше 13 години помладиот Арон Ван-Бисака со брзина од 32,41 км/ч. Трет беше 24-годишниот Херод Боуен од Вест Хем со брзина од 31,29 км/ч!

Со оглед на неговата физичка подготовка, волја и желба да успее и да собори рекорди, дефинитивно не се гледа крајот на кариерата на Роналдо.