Бугарија жали со братскиот народ на Република Северна Македонија. Ова е тага што треба да не потсети дека кога ќе дојде лошото, кога ќе дојде несреќата , треба да си помагаме. Се надевам дека нашите соседи ќе успеат да поминат преку таа мака полесно, бидејќи нивната загуба е огромна. Станува збор за млади луѓе кои едвај го почнале својот животен пат, вели претседателката на бугарскиот Парламент Наталија Киселова за бугарската телевизија Нова, пренесува Трибуна.
Таа додаде дека амбасадорката на РСМ во Бугарија Агнеза Руси Поповска изразува благодарност за напорите за кои бугарските доктори ги прават за да им помогнат на настраданите од пожарот во Кочани .
,,Мислам дека нашите доктори ќе бидат посветени во тоа да помогнат за оздравувањето на децата“, подвлече Киселова.