Дел од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа произлегува од последните случувања кои се случуваат во оваа јавна установа кадешто за помалку од месец дена загинаа повеќе животни, изјави советникот Стефан Кирков.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека ги побаравме одговорите од менаџментот на оваа установа, но како и секогаш тие се на целосен игнор кога се работи за прашања кои се поврзани со оваа установа и немаше никој да не испочитува и да ни каже што конкретно се случува во оваа установа. Оттука, сакаме да ја информираме целата јавност дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје кога се работи за зоолошката градина и сето она кое требаше да биде изгласано и донесено како предлог до нас, сето тоа беше поминато и уредно навремено изгласано“, рече тој.
Кирков рече дека за кратко време умреле повеќе од 40 егзотични животни под нерасчистени околности.
„Исто така сакаме да потенцираме дека и во вчерашниот ден на моја пријава до АХВ, веднаш постапи и овде направи вонреден инспекциски надзор, според нашите сознанија констатирани се низа прекршоци и изречена е финансиска казна за правниот субјект и за директорот поради тоа што сакале да ја прикријат смртта на две лами кој починале неодамна, пред неколку дена т.е за кое е констатирано дека имале една заразна болест туберкулоза, болест која е пренослива замислете и на луѓе . Исто така констатирано од страна на АХВ е дека и останатите две лами ги имаат симптомите на туберколоза и наредено е веднаш да бидат изолирани од посетители и од останатите животни“,рече Кирков.
Тој додаде дека во ЗОО се работи тотално аматерски.
Кирков побара оставки од целиот менаџмент на установата како и брза реакција на градоначалничката на Скопје поради тоа што, кко што кажа, сите препораки на АХВ ќе доведат и до клуч на оваа установа поради небезбедни услови.
Текстот (Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата е превземен од МАКФАКС.