Пекинг го погоди силна песочна бура, по втор пат во изминатите две недели.

Невремето беше предизвикано од ветрови од областа на Монголија погодена од суша и на северозападна Кина.

– Advertisement –

Честичките познати како ПМ10 ја надминале количината на 2.000 микрограми на метар кубен во некои населени места, додека отчитувањата на помалите ПМ 2,5 честички се над 300 микрограми на метар кубен, што е далеку повеќе од стандардните 35 микрограми.

Кинеската метеоролошка служба издаде жолт аларм оваа недела, предупредувајќи на песочна бура што се шири од Монголија кон провинциите на северот на Кина, вклучително и Внатрешна Монголија, Шанкси, Лиаонинг и Хебеи околу Пекинг.

Прикажи повеќе