Ливерпул ја совлада Астон Вила со 2:1 и тоа со пресврт. Гостите поведоа во 41-та минута преку Ваткинс, а израмни во 57-ма Мохамед Салах. Херој на домашниот тим е Александар Арнолд кој со фантастичен гол во 91-та минута донесе победа на Ливерпул. Со овие три бода барем за момент, по подолго време, тимот на Јурген Клоп се врати во првата четворка на табелата.
Верувале или не ова е прва победа на Ливерпул на домашен терен во Премиер лигата по пауза од осум меча. Претходно забележа шест порази и две нерешени средби.
