Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека структури на СДСМ, а и ДУИ вршеле притисок врз пратеници кои биле за распуштање на Собранието и предвремени избори.

-Тоа е веќе позната реторика на ВМРО-ДПМНЕ.  Тоа го говореа и пред година дена и имаа уште неколку обиди каде што велеа дека има ново парламентарно мнозинство и правопропорционално секогаш кога го говореа тоа владиното, актуелното мнозинство се зголемуваше. Така ќе биде и овој пат, вели Каевски.