– Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми.
Severe winter weather is threatening more than 76 million people across 26 states. The Dakotas, Minnesota and Wisconsin are bearing the brunt of the blizzard threat. Farther east, an ice storm is making for treacherous traveling conditions. pic.twitter.com/NIr1CALiLS
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) February 23, 2023
Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови.
Налетите на ветрот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час, а во некои делови на САД, под влијание на екстремно студен бран, температурите би можеле да паднат до минус 45 Целзиусови степени.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави – најобилни снежни врнежи во изминатите 30 години.
Heavy snow caused difficult driving conditions today in the Midwest.
Travel will be nearly impossible beginning Tuesday until Thursday in Minnesota with the major winter storm moving in. Be prepared now! #MNwx pic.twitter.com/8LJteqCR7M
— WeatherNation (@WeatherNation) February 20, 2023
Во исто време одредени делови од источниот дел на САД имаат екстремно високи температури – во Орландо, Флорида би можеле да достигнат до 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени, најавија метеоролозите.