Израелската армија во денешниот воздушен напад уништи 13-катна зграда, во која се сместени канцелариите на катарската телевизија Ал Џезира и американската новинска агенција Асошиејтед прес во Појасот Газа. Израел „ја уништи кулата Џала во Појасот Газа, во која се наоѓа канцеларијата на Ал Џезира и канцелариите на други меѓународни медиуми“, објави на Твитер „Ал Jезира“, а новинар на АП рече дека армијата го предупредила сопственикот на зградата пред да биде изведен нападот.
⭕ LIVE footage of the moment an Israeli air raid bombed the offices of Al Jazeera and The Associated Press in Gaza City ⬇️
🔴 LIVE updates: https://t.co/RvtP1lEX1x pic.twitter.com/RBO1ZiDAl0
— Al Jazeera English (@AJEnglish) May 15, 2021