Голем успех на македонскиот атлетичар на сениорскиот атлетски митинг во сала одржан во Белград, Србија.
Дарио Ивановски во дисциплината 1500 метри имаше време од 03:44.98 мин., што претставува нов државен рекорд на Македонија.
Рекордни 1088 ИААФ бодови за нашиот натпреварувач кој воедно обезбеди А норма за Европско првенство во сала. Претходно истото го направи и Јован Стојоски.
Исто така потврден е и статусот олимпиец за следните Летни олимписки игри во Токио.
ЕП во сала ќе се одржи во Полен (Полска) во периодот од 4-7 март 2021 година.