-Ние сме земја во којашто царуваат дивоградби, а тоа сè ни ја уништува животната средина, изјави Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциска комисија во интервју за Радио Слободна Европа.
Таа конкретно го посочи случајот со висококатниците кои почнаа да се градат кај Холидеј ин.
-Во случајот конкретно за кај Холидеј ин, вие имате донесено Детален урбанистички план којшто не соодветствува со Генералниот урбанистички план, ги надминува параметрите, значи таму ќе имате, обично речено, пренаселеност. Нити соодветен сообраќаен пристап, огромна пренаселеност, нити соодветно зеленило. Го нацртаа зеленилото по балкони. Па таму ли ќе се шетаат луѓето, по тоа зеленило ли ќе се шетаат? Значи, сето тоа е надвор од умот, се унакажа и Скопје и Македонија и сè живо и диво, вели Ивановска.
Целото интервју погледнете го на Радио Слободна Европа.