Иван Николов кој се лекува во Полска од болницата изјави дека е добар, а неговата состојба е смирена.

Тој рече дека кога стигнал таму по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, имал проблеми со дишењето.

„Смирена ми е ситуацијата, имав проблеми со дишењето. Кога дојдов во Полска докторите ми кажаа дека сум бил прочистен внатрешно, примав инхалации, уште примам. На инхалации и кислород сум цело време. Инфузии примам, некои нивни лекови, и фала му на господ сега за сега, подобрена е ситуацијата“, изјави Николов.

 

Како што додава, пациентите кои се таму очекуваат да бидат вратени дома.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 59 лица. Дел од повредените беа хоспитализирани во домашните клиники, а повеќе од 100 во моментов се лекуваат во странство откако вчера неколкумина беа вратени дома.