Југословенските комунисти од ноември 1944 година до мај 1945 година во албанските територии на тогашна Македонија, Косово и Црна Гора, без судење, убиле околу 50 илјади Албанци, открива во екслузивно интервју за Zoom.mk, историчарот од Скопје, Ќерим Љита.
После АСНОМ до завршување на Втората свестска војна, Љита тврди дека македонските комунисти извршиле неколку масакри врз цивилното албанско населние, како што се масакрите во селата Руница, Блаце, Сопот и Зајас, а сличен масакар бил извршен и во градовите Гостивар и Тетово.
„Од декември 1944 година, до јуни 1945 година, на овие територии, македонската народна власт, уапси над 800 Албански дејци, поради единствена причина што не ја прифатија комунистичката идеологија и најголем дел од нив, во брзи судски процеси, таканаречни воени процеси, беа осудени на смрт со стрелање, додека другите се осудени на драконски казни и беа по затвори до 60-тите години на минатиот век“, истакнува Лита.
Тој открива дека комунистите убиле без суд и комунистите Албанци, како Хамди Дема и Ќемал Аголи, поради тоа што тие се спротивставвувале на теророт на комунистичката власт против Албанците.
Според него, веднаш после војната комунистите се впуштиле во борба против иделошките противници, како што биле членовите на Албанската НДШ, ВМРО и турската Јуџел, кои во брзи судски процеси, во кои паѓат три смртни пресуди и долгогодишни години во затвор.
„Судењето заврши на 7 февруари 1947 година, каде беа изречени многу тешки казни, четворица беа осудени на смрт со стрелање, добар дел од нив беа осудени со 20 години затвор, што беше максимална затворска казна тогаш, а останатите со затворски казни од пет до 18 години затвор“, вели Љита.
Во врска со иселувањето на Албанците во Турција, Љита тврди дека во првите дваесет години од завршување на војната, југословенските комунисти насилно претерувале над 250 илјади Албанци во Турција.
„Според изјавата на самиот тогашен комунистички македонски лидер, Лазар Колишевски, до четвртиот Брионскиот пленум одржжан во 1966 година, кога паднаа тогашниот фамозен дует, српските улстра-националисти, Ранковиќ-Стефановиќ, вели самиот во неговата изјава, успеавме да иселиме 250 илјади Албанци“, потсетува историчарот.
Освен против Албанците, Љита тврди дека терор и насилство имало и против словенскиот елемент во Македонија, кој не ја прифатил југословенската конунистичка власт и биле етикетирани како бугараши. Тој смета дека водачите на ВМРО стравувале дека во Југославија македонскиот елемент ќе се србизира.
„Сите документи зборуваат дека на овие простори словенското население се чувствувале како Бугари. Самиот Крсте Петков Мисирков, во неговиот дневник, објавен во 1916 година, самиот се изјаснува како Македонски бугарин, во оваа форма“, вели Љита и додава дека како Македонци почнале да се идентификуваат после АСНОМ 1944 година, на што имаат право.
Во продолжение проследето го интегрално интервју со историчарот Ќерим Љита:
ZOOM.MK: Дали можете да ни направите краток пресек како југословенската власт од оддржувањето на АСНОМ до завршување на Втората свестка војна се однесуваше кон Албанците во Македонија?
ЉИТА: На втори август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, се оддржа првото заседание на АСНОМ ,каде според документите, не кажувам јас, не учествувал ниту еден Албанец. И таму не се спомнуваат воопшто Албанците и таму се одлучува да се создаде Македонија како држава во рамките на југословенската федерација. Според тоа, Македонија се дефинира не како мултиетничка држава, туку како национална држава на македонскиот народ, без да се спомнат другите народи.
Потоа во централното раководство се кооптира Ќемал Аголи и се објавува еден повик или манифест, каде освен Македонците се повикуваат и Албанците, каде се етикетираат како Арнаути, да учествуваат во Национално движење за ослободување на Македонија од шафистичките освојувачи и внатрешните непријатели. Како резултат на тоа, во август 1944 година, се формира четвртата Албанска бригада во Кичево, која до септември достигнува бројка до пет илјлади борци. Оваа бригада заедно со 15-иот армиски корпус на Македонија, учествува во борбата против албанските националисти затоа што овде немало војна против Германиците затоа што тие без отпор се повлекле. Воени дејства овде се водени помеѓу комунистичката албанско-југословенска коалиција и единиците на албанските националисти, кои незадоволни од рацепувањето на албанските територии, затоа што овие територии што беа дел на југословенското кралство, се поделија на три републики, Косово се прогласи како автономен округ, во рамките на Република Србија, Прешевската долина не се соедини во Косово, дел од албанските територии припаднаа во Црна Гора, и дел во тогашната Народна Република Македонија. Значи дека Албанците се поделија на три Републики и покрај тоа што нивниот број беше голем и териториите беа компактни.
Ова не беше прифатено од Албанците и како резултат на тоа потоа се водеа крвави битки. Од осми септември 1944 година кога со повлече германската окупаторкса војска, во албанските територии, посебно Кумановската долина и регионот на Дрвен, се распоредија единици на албанските националисти, како доброволци, додека на другите предели се распоредија партизански единици и дојде до судир за завземање на Скопје, каде беа водени неколку крвави битки. Според документите, партизаните не успеа да заземат ниту една педа албанска земја. Меѓутоа, на десети ноември, партизанските единици ја освоиле Струга, со помш на партизански единици од Албанија, 15-тата и 4-тата ударна албанска бригада, кои први влегоа во градот Струга, и откако беше заземен градот, под паролата за Братство-Единство, барајќи од Албанците да се приддужат. После влегувањето во Струга, албанските бригади се повлекуваат од градот и на нивно место дојдоа југословенските единици, и од тогаш започнаа злосторствата и масакрите во име на разоружувањето на албанското население.
Беа отворени концентрациони логори од Струга до Прешевската долина. Беа затворени илјадници Албанци и беа извршени неколку масакри. До 15 ноември имаме неколку масакри, на пример, првиот масакар извршен од партизаните е масакарот во селото Руница, која уследи после дводневната битка меѓу албанските доброволци и партизанксите југословенски и македонски одфреди во Прешево, што се водеше на 18 и 19 септември, на Бајрамски празник.
Во текот на повлекување, партизанските одреди во Скопска Црна Гора и во селото Руница и Глажње, го запалија селото Руница и масакрира невино цивилно население. Потоа следат другите масакри по ред. Една многу тажен и крвав масакар се случи во скопското село, Блаце, извршено на 17 и 18 октомври 1944 година од 16-тата бригада, каде според документите, југословенските и македонските уапселе 250 Албанци од Горно и Долно Блаце. Од документите произглегува дека се стрелани 210 селани, додека во 2004 година на иницијатива на селаните од Блаце е играден мемориален споменик посветен на нивните масакрирани соселани. Комисијата идентификувала 111 стрелани Албанци, додека документите тврдат дека се масакрирани 210 селани.
Потоа го имаме тажниот масакр во селото Сопот, извршено од 17-та бригада, се вели дека била бугарска бригада, но таа бригада била составена од Македонци, кои биле во состав на бугарските единици. Апостолски, после повлекување на бугарските единици, отиде во Софија и постигна договор со Димтров со цел сите војници по потекло од Македонија да се вклучат во Националното ослободителното движење на Македонија и практично, 17-та бригада беше составена од Македонци, кои претходно служеле во бугарската царска армија.
Ова бригада изврши страшен масакар врз селото Сопот, каде според истроиските извори, таму се убиени 69 мажи од едно релативно мало село. Потоа следи друг крвав масакар во селото Зајаз, каде 320 мажи од Кичевскиот регион, врзани со синџири по шестмина ги однеле до гостиварското село Врпчиште, каде ги екзекутирале.
Сличен масакра се случува во Гостивар, каде партизаните за да презивикат паника кај населението, откако влегле во градот на 19 Ноември 1944, собраа 25 мажи и ги екзекутираа и нивните лешеви ги оставиле по раскрсници за да ги застрашат луѓето.
Потоа, по наредна на 15-тиот армиски корпус, во името на разоружувањето се апсат над пет илјади Албанци од Гостивар и околината и се затворат по концентрациони логори по армиски касрани, училишта.
На ист начин се изврши и масакарот во тетовски монопол, исто така, по наредба на 15-тиот армиски корпус, и многу други масакри.
Она што е по интересно е што тогашните македонско-југословненски политички структири, откако ги зазема овие територии, осудија невини луѓе, дури и раководни лица од Комунистичката партија. На пример, без судски процес беше убиен комунстот Хамди Дема, кој беше заменик командант на главниот штаб на НОБ. Тој беше уапсен веднаш откако беше заземено Дебар и однесен во Прилепскиот затвор, наводно дека бил вклучен во НОБ по наредба на германската тајна служба. Тој е убиен во нејасни околности. Се тврди дека наводно сакал да бега.
Овие злосторства не можат да се опишат. Според некои потврдени извори, да заокружам, на албанските територии во днешната Македонија, Косово, Црна Гора, од ноември 1944 година, до септември 1945 година, се убиени или стрелани некаде околу 50 илјади Албанци.
ZOOM.MK: Toa e периодот до завршување на Втората светска војна! Каков однос има југослевненската власт кон Албанците после завршување на војната?
ЉИТА: Се знае дека во февруари 1945 година, во Косово беше прогласена вонредна состојба, се воведе воено-полициска власт, додека овде во Македонија, продолжија тортурите и екзекуциите без суд.
ZOOM.MK: И после завршување на војната?
ЉИТА: , Да да. Јас зборев за масакрите и убиствата без судски процеси. Партизаните масакрира цивилно население, потоа кога се воспостави народната власта под наводници, започна апсењето и судски процеси што се водеа од воени судови, кои беа создадени ад хок и составени од неписмени луѓе.
На пример, во Скопје, на 15 и 16 јануари 1945 година, е воден судски процес против 35 дејци од кумановската долина, од кои 19 се осудени на смрт, меѓу кои и истакнатиот албански патриот, познатиот теолог од Отле, Абдулла Ебиби, кој меѓу народот беше познат како Мула Дула од Отле. Значи на лице место се стрелани 19 лица, во експресна судска постапка.
Според некои извори, од декември 1944 година, до јуни 1945 година, на овие територии, македонската народна власт, уапси над 800 Албански дејци, поради единствена причина што не ја прифатија комунистичката идеологија и најголем дел од нив, во брзи судски процеси, таканаречни воени процеси, беа осудени на смрт со стрелање. Точно, според некои извори 811, најголем дел од нив се стрелани, додека другите се осудени на драконски казни и беа по затвори до 60-тите години.
Во 1946 година започнуваат судските процеси против Албанската национална демократска организација, но и против други организации. На пример ја имате организацијата ВМРО. На почеток на мај месецот 1946, политичкото биро оддржа проширен состанок, каде учествуваа секретарите на окрузите на Комунистичката партија на Македонија, и претставниците на ОЗНА, која тогаш беше тајна служба раководена од Ранковиќ, која се распушти покасно, но во тоа време беше главна служба.
На тој состанок се констатираше дека Македонија се загроозува од реакционерните антикомунистрички империјалистички англо-американски кругови. Три организации се сметаа како најопасни, правата беше Албанската националната демократска организација, втора ВМРО и како трета, организацијата Јуџел, организација на Турците.
Веднаш се нареди да се преземат мерки и да се затварат нивните водачи. Апсењата започнаа во јули 1946 година и во Македонија беа затворени над 150 Албанци, вогавном интелектуалци и наставници во името на откривањето на НДШ.
Потоа беа водени неколку судски процеси против нив, во исто време се водеа судски процеси и против членовите на ВМРО и на Јуџел, но најбројни беа процесите против Албанците и точно на 26 јануари 1947 година, Скопски окружен суд, отвори судски процес против 19 албански дејци, членови на НДШ, на чело со Азем Морана, Хисни Руда, Ќемал Скендери, Хасан Билали и Мехмет Буши и многу други.
Судењето заврши на 7 февруари 1947 година, каде беа изречени многу тешки казни, четворица беа осудени на смрт со стрелање, добар дел од нив беа осудени со 20 години затвор, што беше максимална затворска казна тогаш, а останатите со затворски казни од пет до 18 години затвор. После жалбената постапка, на 19 мај 1947 година, откако се завршија сите жалбени постапки, беше формирана комисија за извршување на судската одлука, за екзекуција на осудените, пошто на еден осуден на смрт, Ќемал Скендери, казната му беше замената со 20 години затвор додека на останатите тројца, не им беше прифатена жалбата, и требаше на 19 мај да се стрелат.
Ова е документот, записникот на Комисијата, која за жал беше раководена од еден Албанец, Реис Шаќири и од двајца Македонци, кои на 19 мај во 21 часот, не се прецизира каде, туку на определено место, соред некои мои извори до кои успеав да дојдам, било Скопското кале, каде се стрелани тројцата осудени на смрт, Азем Морана, Исни Руда и Мехмети Буши, откако им било дадена можност да кажат последни зборови и после биле стрелани од гардата.
Докторот констатирал смрт и после ги закопувале на определено место, не се кажува местото и со овој записник ги известува тогашните структури на власта дека пресудата е извршена. Овој документ се ноаѓа во архивот на град Скопје на фондот на Скопскиот окружен суд и веќе е објавен.
ZOOM.MK: Oсвен казните со стрелање, колкав е бројот на Албанците што се осудени со драконски затворски казни?
ЉИТА: Во рамките на акцијата за откривање на НДШ, се усапсени некаде 150 лица. Овој е главен судски процес, потоа имало и друго судски процеси против дејците на НДШ. Имало повторно процеси во Скопје, Гостивар, Кичево, Тетово, и други градови каде биле осудени нивните членови. Казните биле до 20 години.
Потоа имате случаи на изчезнување на граѓани. Интертесно е, го спомнав Хамди Дема, беше елиминиран без суд, беше убиен. Но иста судбина ја имаше и една друга политичка фигура, го имате Неџат Аголи, кој во 1948 година, комунист и министер за Здравство и социјала, единствен албански министер, во првата таканаречена народна влада и Политичкото биро во 1948 година, формираа Комсија, која го обвини Аголи за наводна соработка со големо-албанските реакционери.
Прво го разрешуваат од членство во Централниот комитет, апотоа го разрешуваат и од сите партиски и државни функции. Ова се случува во мај 1948, додека во септември го апсат и напролет 1949 година изчезнува и е убиен на мистериозен начин, без судење.
Истата судбина ја има и уште една друга фигира од Скопје, Оџа Саит, поранешен пратеник во Османскиот парламент од Скопскиот санџак и близок соработник на Хасан Приштина. Тој, на 76 годишна возраст се апси во 1949 година, наводно дека соработувал со бугарските фашисти затоа што во периодот меѓу 1941 и 44 година бил Скопски муфтија.
После три месеци, тој умира во неразјаснети околности. Изгледа од притисокот, тортурите, а не се знаеше ниту каде е закопано неговото тело. Откако е уапсен, неговото семејство е протерано насилно за Турција, сопругата и две ќерки, со кои сум имал прилика да се запознавам.
Во 1968 година тие праќаат еден допис до тогашниот поглавар на Исламската заедница, Бедри ефенди Хамити, каде тие ги бараат моштите на нивниот татко. Официјално хафиз Бедри, прашува кај тогашната власт за моштите и тие одговараат дека лицето умрело во 1950 година од срцев удар, но сигурно е умрен од мачењето затоа што бил во години. Ја ги спомнав овие случаи затоа што има многу слични примери на изчезнати, посебно во времето на Информбирото, кога се изчезнати невини луѓе во име на борбата против информбироистите.
ZOOM.MK: Потоа следи времето на насилно иселување на Албанците за Турција под изговор дека се бара собирање на нелегалното оружје. Овде во Македонија се шпекулира често за бројот на иселени Албанци за Турција. Што покажуваат историските извори?
ЉИТА: На почетокот на педесетите години од минатиот век, Турција и Грција беа стратешки земји на Западниот свет и на англо-американците, кои тоа време стануваат членки на НАТО. Пошто Југославија после 1948 година, поради Информбирото, се повлече од Варшавскиот пакт, западниот фактор сакаше и Југославија да го придобијат и зато во 1953 година се создаде тројниот балкански пакт, меѓу Турција, Грција и Југославија.
Тој момент го искористи тогашното југословенско раководство, коке воспостави тесни односи со тогашниот турски министер за надворешни работи, Фуат Купурли и во разговор што е обавен меѓу него и Тито во Сплит во јануари 1953 година, Тито ја користил приликата и бара да се реактивизира потпишаната Конценција потпишана во 1938 година помеѓу Кралската југословенска влада и тогашната турска влада предводена од Ќемал Ататурк.
Ќупурли откако ја прифаќа понудата се отвара процесот на иселување наводно на турското муслиманско население. Според пописот од 1948 година во тогашната Југославија живееа вкупно 98 илјади Турци, Македонија, Косово и Црна Гора, во цела Југославија.
Додека во меѓувреме се одвива вториот попис во 1953 година, додека во претходниот попис од 1948 година бројот на Албанците беше 204 илјади, додека на Турците 92 илјади. Што се случи, на пописот во 1953 година, Албанците од 204 илјади падна на 162 илјади, Турците од 92 илјади скокнаа на 207 илјади.
ZOOM.MK: За колку време?
ЉИТА: За пет години. Но карактеристично е што, пример денешната општина Липково, во 1948 година, од 15 илјади, 13 и 700 беа Албанци, другите беа изјаснети како Црногорци, Срби и Македонци и пет Турци. Само пет Турци. Додека на пописот во 1953 година, во Липково се појавија 9800 Турци, и само 3300 Албанци. Оваа е интересна особеност.
Иако имаше 9800 Турци, немаше ниту едно училиште на турски јазик затоа што таму живеа Албанофони, но беа принудени да се изјаснат како Турци за да можат да се иселат во Турција. Слично беше и во другите општини, како во општината Драчево, Ѓорче Петров, која ја опфаќаше Дрвенската клисура.
Подрсатичен беше примерот во Битола, каде во 1948 година имаше 4400 Албанци, а во 1953 само 400 Албанци во Битола. Сите Турци. Се декларираа како Турци, затоа што беше како услов, за да се замине за Турција. Мораа да се изјаснат како Турци и како последица на тоа започна процесот на иселување.
Втората половина на 1953 година, бројот не беше голем, но со текот на време, бројот се зголемува постепено. Официјално, според договорот, го нарекуваат џентелменски договор, помеѓу Тито и Ќупурли, за шест години, официјално, требаше да се иселат муслиманското население под наводници, но овде се знае дека мнозинството беа Албанци, Бошнаците од Санџак, кој имаат албанско потекло, Помаците и Турците јуруци. Според документите, до 1959 година, оваа книга го опфаќа процесот на иселување, според овие информации, која потекнува од тогашната УДБА на Македонија, преизлегува дека од Македонија до 1959 година се иселени вкупно 143 илјади и 800 Албанци. Иселувањето потоа продолжи, но не на организиран начин.
Според изјавата на самиот тогашен комунистички македонски лидер, Лазар Колишевски, до четвртиот Брионскиот пленум одржжан во 1966 година, кога паднаа тогашниот фамозен дует, српските улстра-националисти, Ранковиќ-Стефановиќ, вели самиот во неговата изјава, успеавме да иселиме 250 илјади Албанци.
ZOOM.MK: И ова е претставено како успех?
ЉИТА: Да, да, како голем успех. Меѓутоа, ова предизвика големи потреси затоа што реално тие луѓе беа Албанци, не Турци. Потоа се отворија нови проблеми затоа што Турција бараше да се отварат турски училишта и затоа вештачки отворија неколку турски училишта, во Тетово, Дебар. Сакаа да отворорат и во едно село, каде воопшто не го познаваа турскиот јазик, како што беше струшко Калиште, затоа што властите ги декларираа како Турци и затоа Тирција бараше да се отварат турски училишта. Овој проблем се реши дефинитивно со уставните измени од 1974 година, што траеше многу кратко до 1981 година.
ZOOM.MK: Разговорите што се водат меѓу Северна Македонија и Бугарија во врска со историските личности, бугарската страна тврди дека југословенската власт од 1944 година и наваму, насилно ги асмиилирал Бугарите со цел да се претворат во нешто друго. Што говорат историските извори, каков однос имаше југословенската власт кон словенското населние во Македонија?
ЉИТА: Јас зборев воопшто за насилството и теророт против албанското населние, но имало насилство и терор и против словенскиот елемент, кој не ја прифати југословенската комунистичка власт. Имаше отпор и воглавном војната беше насочена против членовите на ВМРО, која ја сметаа и ја оценуваа како пробугарска организација и преземаа мерки против овие дејци.
Има еден голем број на членови на ВМРО што имаат гниено по југословенските и македонските затвори. Тие не се согласуваа Македонија да биде дел на југословенската федерација. Барањето на тогашното ВМРО беше да се воспостави Балканска конфедерација, каде ќе се вклучи и Бугарија и Албанија.
Тие стравуваа дека со формирањето на федерална Југославија, ќе се стопи македонскиот елемент и ќе оди во правец на србизација. Така сметаа тие бугарски Македонци.
Сите документи зборуваат дека на овие простори словенското население се чивствувале како Бугари. Самиот Крсте Петков Мисирков, во неговиот дневник, објавен во 1916 година, самиот се изјаснува како Македонски бугарин, во оваа форма.
Јас не сакам да навлезам во оваа затоа што тие луѓе сега имаат право да се самоизјаснуваат како што сакаат, меѓутоа документите така зборуваат. Затоа што и во рамките на Обединетите нации од тоа време, кога се бранеа правата на малцинствата во Југославија, освен Албанското и Унгарското малцинсво, Бугарија се залагаше и за заштита на правата на Бугарското малцинство во Југославија, како членка на Обединетите нации. Не е никава тајна оваа работа. Но, после 1944 година, посебно, после првото заседание на АСНОМ, овие граѓани се изјаснија како Македонци, но имаше еден голем број, кој не ја прифатија комунистичката идеологија и беа силни активисти на организацијата на ВМРО.
ZOOM.MK: Како се однесуваше југословенската власт кон нив?
ЉИТА: Треба да се истакне дека до времето на Информбирото, имаа добри односи затоа што односите со Бугарија беа добри, многу добри. Димитров, се залагаше за формирање на Балканска конфедерација, а после Информбирото, започнаа мерките против овој елемент и еден голем број на порашни комунисти поминаа тешки затворски казни на Голи оток. Бројот беше многу голем. Не знам зошто нема посебна студија за да утврди колку затвореници имаше, освен затвореници Албанци, имаше и затварања на македонскиот елемент, што се сметаше како пробугарски ориентиран. Нивниот број не се знае точно, но се знае дека бројот бил голем.
Големи проблеми имаше и после паѓањето на Ранковиќ. Имаше полемики и разговори што се водеа помеѓу Тодор Живков и југословенската делегација, предводена од Крсте Црвенковски, поврзано со малцинските проблеми. Тоа прашање беше актуелно и во текот на 60-тите години. После овде имаше одредени македонски организации коишто функцинираа на Запад, посебно во Австралија и Канада, кои не ја признаваат Македонската црква. И денеска не ја признаваат и се поврзани со бугарската црква. Ова е што документите зборат за тоа! Земено воопшто, мерките многу поостри биле против Албанците, меѓутоа не може да се негира дека репресивни мерки имаше и против антикомунистичкиот македонски елемент, кој е третиран како пробугарски.
ZOOM.MK: Господине Љита Ви благодарам на разговорот!
ЉИТА: Благодарам и јас!