Југословенската власт, терор и насилство, освен против Албанците, има спроведено и против словенскoто население во Македонија, кое предводено од организацијата на ВМРО, се спротивставил на комунистичката идеологија, вели во ексклузивно интревју за Zoom.mk, историчарот од Скопје, Ќерим Љита.
Историчарот Љита додава дека тогашната југословенска комунистичка власт припадниците на ВМРО ги третирал како пробугарски елемент, кој претставува најопасен елемент за нивната власт во Македонија.
„Има еден голем број на членови на ВМРО што имаат гниено по југословенските и македонските затвори. Тие не се согласуваа Македонија да биде дел на југословенската федерација. Барањето на тогашното ВМРО беше да се воспостави Балканска конфедерација, каде ќе се вклучи и Бугарија и Албанија“, тврди Љита во интервјуто.
Тој вели дека тогашното ВМРО се плашело од формирањето на Југославија бидејќи постоела опасност македонски елемент да се стопи и да се србизира.
„Сите документи зборуваат дека на овие простори словенското население се чувствувале како Бугари. Самиот Крсте Петков Мисирков, во неговиот дневник, објавен во 1916 година, самиот се изјаснува како Македонски бугарин, во оваа форма. Но, после 1944 година, посебно, после првото заседание на АСНОМ, овие граѓани се изјаснија како Македонци, но имаше еден голем број, кој не ја прифатија комунистичката идеологија и беа силни активисти на организацијата на ВМРО“, оценува Љита.
Според него, југословенскат власт насилството против активистите на ВМРО ги интензивирале после Информбирото, кога Тито ги расипал односите со Советскиот сојуз, по што голем број членови на оваа организација завршиле во затворите на Голи оток./Zoom.mk