„Ако не можеме да ги спречиме луѓето да го напуштат Западен Балкан, како што сега масовно си заминуваат, велиме добро да видиме дали има можности во Западен Балкан за луѓето да можат да работат внатре без да мора да гледаат подобри перспективи во Западна Европа, Обединетото Кралство или САД“, вели Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, во интервју за Цивил Медиа.
Тој ја посочува дијаспората од регионот како важен елемент во спречувањето на луѓето да го напуштат Западен Балкан и додава дека не се работи на промоција на враќање на финансиите на дијаспората. Истрефи става акцент на интелектуалниот капитал на нашата дијаспора во странство и вели дека нивното искуство е од круцијално значење.
„Го промовираме повеќе интелектуалниот капитал на нашата дијаспора од регионот, искуството што го имаат сега истакнати улоги како политичари, инженери и лекари кои навистина ни се потребни“, истакна Истрефи.
Балкан Форум е една од иницијаторите за формирање на „LogEx“ мрежата.
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.
Превземено од Цивил Медиа