Интер со убедлива победа од 5-1 над Удинезе ја комплетираше шампионската сезона. Ешли Јанг во 8. минута донесе водство за „нероаѕурите“, а до полувреме Ериксен со прекрасен гол од слободен удар ја удвои предноста во 44. минута.
Во вториот дел со головите на Мартинез, Перишиќ и Лукаку до 71. минута веќе беше и 5-0, а до крајот Переира во 79. минута успеа само да го ублажи поразот.
Гостите ублажија и не заминаа дома без ниту еден гол. Пеналот на Переира стави крај на гол-шоуто во Милано.