Инфлуенсерката Боби Алтоф ги сподели деталите од нејзината најнова козметичка процедура. Таа се одлучила за ботокс, но вели дека инјекциите со ботокс ѝ го оставиле лицето речиси парализирано.

„Ако се прашувате зошто моето лице не може да се движи, ќе ви кажам. Во 2023 година, отидов кај една личност која ми рече дека можам да добијам ботокс и јас се согласив. Едно од нештата што ги направи беше да ми инјектира ботокс во брадата и тоа ми го оневозможи насмевката“, рече таа.

Потоа Боби имаше хронична болка во долната вилица и отишла кај друг специјалист кој ѝ инјектирал дополнителни инјекции во слепоочниците за да ги опушти мускулите.

@bobbialthoff #botchedbotox ♬ original sound – Bobbi

За жал, инфлуенсерката ќе мора да се справи со сите несакани ефекти уште неколку месеци додека ботоксот целосно не помине.

„Очите ми изгледаат замрзнати, но тоа не е најлошиот дел. Не можам да се насмевнам, лицето ми е замрзнато. Ја чувствувам сета оваа тензија тука, само ме боли“, се пожали таа во видео што го објави на социјалните мрежи.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Инфлуенсерка ги покажа последиците од ботоксот: „Не можам да се смеам, но тоа не е најлошиот дел“ е превземен од МАКФАКС.