Во огромната експлозија во германскиот град Леверкузен, најмалку едно лице го загуби животот, но се стравува дека бројката може да биде повисока, со оглед дека четири лица се водат како исчезнати, а има и неколку повредени.
Експлозијата се случила во вторникот наутро во 9:40 часот, во простории на фабрика за отпад. Градските власти издадоа наредба сите да останат дома, да се заслонат во затворени простории и да ги затворат прозорците и вратите.
Според првите информации кои ги пренесува „Билд“, изгорела станица со цистерни на компанијата. Содржината во цистерните биле високо запаливи материјали.
Пожарот е изгаснат, а автопатот повторно пуштен во употреба.
Во компанијата покрај отпад, се складирале и уништувале опасен отпад и високи токсични материи. Властите проверуваат колку чадот може да влијае на здравјето на граѓаните на Леверкузен.