Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу „Сабота вечер во живо“ рекол дека има Аспергеров синдром.
Во воведното обраќање до гледачите порачал дека е прво со лице со Аспергеров синдром кое го води ова шоу, но тоа не е точно.
Имено, канадскиот актер Ден Ејкројд во 2003 година бил првиот гостин-водител на шоуто со овој синдром, а кој притоа отворено зборувал за тоа, пренесува американскиот весник „Дејли бист“.
Остатокот од обраќањето Маск го искористил да се пошегува на сметка на својот статус, како и не својата фасцинираност од криптовалутата „Dogecoin“.
Аспергеровиот синдром инаку е состојба од аутистичен спектар, која не е поврзана со социјални тешкотии. Некои експерти предлагаат вработување на лица со овој синдром, бидејќи можат да остварат успех во технологијата, претприемништвото и други работи за кои се потребни аналитички вештини, пренесува порталот „Кликс“.
Списанието „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијари долари. Поголем дел од богатството го остварил со ко-сопствеништвото во компанијата „Тесла“ и целосната сопственост над компанијата „Спејс Икс“, пренесува Танјуг.
Тој не е првиот милијардер кој бил водител на шоуто „Сабота вечер во живо“ . Пред него во оваа улога се нашле поранешниот претседател Доналд Трамп, водителката Опра Винфри и поранешниот кошаркар Мајкл Џордан.