Викендов уживавме во бројните фотографии од празничните трпези кои беа споделувани на социјалните мрежи од нашите познати личности или наши блиски пријатели и роднини.
Наместо традиционалните фотографии од празничната атмосфера омилениот пар на македонската јавност се одлучи за викенд без социјални мрежи, без интернет, без струја и вода.
Игор Џамбазов и Илина Арсова за еден од најголемите христијански празници решија да не бидат достапни за јавноста и комплетно да се сплотат со природата.
Илина на својот инстаграм – профил објави видео преку кое ги информираше бројните фанови на парот дека ќе бидат недостапни за празниците упатувајќи велигденска честитка до сите со најубави желба.
– Што мислите за еден викенд без струја, без интернет и вода само од природните извори на планината. Ние гасиме телефони, поздрав до сите и честити празници, стои во изјавата на Илина.