Животот со хронична болка во грбот не е воопшто пријатен и може да ве спречува во обавувањето на најосновните животни активности. Освен тоа, предизвикува стрес, а во некои случаи и анксиозност.
Болката најчесто се јавува поради современиот начин на живот, премногу време поминуваме во седење, неправилно држење, претерана физичка активност, но може да биде и некоја повреда или вроден деформитет.
Добра вест е дека јогата може значително да го ублажи ова непријатно чувство. Тоа што е најважно е да бидете упорни и редовно да ги практикувате овие вежби. Јогата е моќна, но само доколку правилно и редовно ја применувате.
Ви нудиме сет вежби кои имаат моќ да ја елимираат болката во грбот, на вас останува само да бидете дисциплинирани и редовно да ги правите…