Познатиот готвач Гордон Ремзи стана жртва на својата ќерка Матилда Ремзи, која го наседна со трик кој кружи на интернет во последните неколку години и е вистински хит меѓу корисниците.

Ремзи на својот Инстаграм профил објави видео во кое неговата ќерка му покажува трик во кој наводно исчезнува јајцето во пластичното шише полно со вода.

Имено, трикот е во тоа што со едната рака го тргате јајцето кое се наоѓа на врвот од шишето, но така што лицето пред вас кое е жртва нема да го забележи тоа.

Младата Матилда беше многу вешта, а тоа го докажа наседнувајќи го својот татко, при што го поли со шишето вода, а потоа му го скрши и јајцето од главата.

Гордон многу се насмеа на овој трик, а неговото видео на Инстаграм во моментов брои повеќе од 1,7 милиони лајкови.

„Некој синоќа миеше садови во семејството Ремзи“, напиша кратко Гордон