Најмалку 23 лица се повредени од кои девет се наоѓаат во критична состојба по делумното уривање на покрив и експлозија во центарот на Балтимор, соопшти вечерва противпожарната служба. несреќата се случила во зградата на компанијата БГЕ (Baltimore Gas and Electric).

Според твитот на противпоќарната служба, во болница завршиле 21 лице додека „Си-Ен-Ен“ јавува дека две одбиле лекување.

Инцидентот се верува дека е поврзан со некои градежни активности, наместо со гас. Немилиот настан се случил за време на зафати на екипи на системот на климатизација во зградата и на котлите.

Објектот, воглавно, бил празен во моментот на несреќата поради претстојниот Божик, но и поради пандемијата на ковид-19. Причините за несреќата не се познати, истрагата е во тек.