На социјалните мрежи се појави видео од скопскиот плоштад, на кое се гледа како возило со марка „Бентли“ поминува низ новогодишниот декор.

На снимката може да се забележи како луѓето што стојат во пределот кадешто се наоѓаат новогодишните декорации, неочекувајќи дека некој ќе се „пикне“ таму, збунето се тргаат настрана поради брзината со која проаѓа автомобилот.

Видеото на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во кои се истакнува дека нема многу луѓе во Македонија што поседуваат ваков лускузен автомобил, алудирајќи дека лесно може да се најде лицето што „јуреше“ низ скопскиот плоштад.

Видеото е првично објавено на социјалната мрежа ТикТок од профилот „Бурим Харачина“.

Дел од граѓаните повикуваат на реакција од Оливер Спасовски, но и од градоначалникот Петре Шилегов.

Погледнете го видеото:

Од МВР велат дека случајот е пријавен кај нив, и дека работат за негово расчистување.