Во пристаништето Каштела во Каштел Гомилица, Хрватска, синоќа, на 29 мај, околу 20:15 часот избувнал пожар на повеќе бродови.
Пожарот избувнал на 15-метарска јахта, по што се проширил и на околните бродови, што резултирало со пет целосно уништени јахти.
Еден од нив му припаѓа и на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, поранешниот партнер на хрватската пејачка Северина.
Милан Поповиќ кратко потврдил во телефонскиот разговор за „24сата.хр“ дека неговата јахта изгорела во пожарот во Каштела.
– Да, и мојата јахта изгоре – потврдил претприемачот Поповиќ за „24сата.хр“
Да потсетиме, пожарот започнал во саботата вечерта од пристаништето во марината во Каштел Гомилица, каде беа закотвени најголемите и најскапите бродови. Два брода целосно потонале. Пет од нив се уништени.
– Ова е невидена катастрофа во нашите марини – рекол судскиот вештак за бродоградба Синиша Бакаља.