Екипата на Хофенхајм го доби дуелот на екипите од средината на табелата и со убедливи 3-0 (2-0) го совлада Вердер Бремен.

Илас Бебу ја најави победата за домашниот тим во 26.минута, а Кристоф Баумгартнер пред крајот на првиот дел погоди за 2-0. Мумас Дабур зголеми на 3-0 во 49.минута, а точка на победата на домашниот тим стави младиот Жоржинио Рутер во последните моменти од натпреварот.