Денеска во 15 коло од најсилното италијанско првенство Интер ја оправда фаворитската улога против Кротоне со убедлив резултат 6:2.
Лаутаро Мартинез за „неро-аѕурите“ реализираше „хет-трик“, по еден постигнаа Лукаку и Хакими, а автогол си постигна Мароне на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Претходно гостите изненадија со почетно водство (0:1) уште во 12 минута со погодокот на Занелато, а воедно и израмнија во 36 минута од пенал преку Големиќ.
Составот на Конте ја продолжува победничката серија и го има врвот во Серија А со 36 бодови, два повеќе од градскиот ривал Милан кој својот натпревар ќе го има вечерва од 18.00 часот против Беневенто на гостински терен.
Кротоне остана претпоследен во генералниот пласман со девет бодови. На видео записот можете да ги погледнете најинтересните моменти од мечот: