Бурен ден во Интер. Медиумите објавија дека Антонио Конте е на излезната врата. Наводно не сакал да прифати да му се продаваат најдобрите играчи, што е целта на раководството на клубот поради покривање на загубите предизвикани од пандемијата. Наводно побарале од играчите да им се намалат платите, да нема големи засилувања, но од друга страна да продадат некој од најдобрите за покривање на „дупката“. Ова не му се допаднало на Конте, кој сака да замине, па во моментов се преговара околу обештетувањето за предвремено раскинување на договорот.
Сепак, навивачите, популарната група „Курва Норд“ се жестоко против ова, истакнаа транспаренти со кои бараат од кинеските соопственици да се откажат од намерата. Воедно дел од оние најжестоките навивачи се пробиле некако до просториите на клубот и не планираат да заминат доколку не им се обезбеди средба со првите луѓе.