Шалке дефинитивно испаѓа од Бундеслигата. Еден од најголемите германски тимови не успеа да собере доволно бодови, па вчера по поразот од 1:0 од Арминија Билефилд и математички се сели во понизок ранг. Ова секако предизвика револт кај навивачите кои ги вркаа фудбалерите околу стадионот.

За среќа имало полиција која спречила физички контакт и тепачка.
,