Во дербито на Тексас, Хјустон рокетс славеше со 109:105 над Сан Антонио спарс.

Хјустон со победа го започна периодот без Џејмс Харден, „ракетите“ го совладаа големиот ривал од Тексас. Хјустон до победата дојде без помошта на новите кошаркари, а замената за Харден, Стерлинг Браун во триумфот над Сан Антонио учествуваше со 23 поени и седум скокови. Крис Вуд кој ќе биде еден од главните играчи на новиот Хјустон имаше учинок од 27 поени и 15 скокови, а победа добива на тежина доколку се знае дека покрај новите играчи кои треба да пристигнат, не настапи ниту сега првата ѕвезда на екипата Џон Вол.

Денвер нагетс со 114:014 го совлада Голден Стејт Вориорс, а одличниот српски кошаркар го оствари 64. трипл-дабл во кариерата. Никола Јокиќ имаше 23 поени од кои 18 даде во второто полувреме, 14 скокови и 10 асистенции и на фантастичен начин одговори на 35. поени кои ги постигна Стеф Кари на спротивната страна.

Кошаркарите на Денвер одлично го отворија натпреварот со 37:24 во првата четвртина и предноста ја задржаа со самиот крај. „Воините“ единствено во третата четвртина успеаја да намалат на минус седум, но тоа беше се што направија. Покрај Јокиќ, расположени за игра беа и Џамал Мареј и Вил Бартон кои постигнаа по 17 поени.

Торонто репторс против Шарлот хорнетс дојде до само третата победа сезонава (3:8). Крис Бушер постигна 25 пени, Кајл Лаури 16 поени и 12 асистенции, додека на спротивната страна Тери Розие застана на 22 поени.
Бен Симонс на гласините за размена одговори со трипл-дабл (10 поени, 10 асистенции и 12 скокови) за победа на Филаделфија над Мајами кој настапи без тројцата најдобри играчи, Батлер, Адебајо и Драгиќ.

Резултати:
Филаделфија – Мајами 125:108
Сан Антонио – Хјустон 105:109
Торонто – Шарлот 111:108
Денвер – Голден Стејт 114:104
Портланд – Индијана 87:111