Фудбалерите на Манчестер сити се приближија на чекор до освојување на шампионската титула во Англија со гостинскиот триумф попладнево во Лондон над Кристал палас со 2:0 (0:0).
Екипата на Пеп Гвардиола ја обезбеди 25. победа во 34. натпревар сезонава во Премиер лигата со два гола во период од две минути на стартот на второто полувреме, преку Серхио Агуеро (57 минута) и Феран Торес (59).
Манчестер сити сега има 80 бодови, 13 повеќе од градскиот ривал Манчестер јунајтед на второто место, и теоретски може да ја прослави седмата шампионска титула во клупската историја веќе утре, доколку Јунајтед загуби на домашен терен во дербито против актулениот првак Ливерпул.