Македонската музичка рок – група Ареа на социјалните мрежи ги изненади своите верни фанови со нова песна и спот.
Вокалот на бендот, познатата Ружица Милошеска Брчиоска пред четири недели ја најави песната на официјалниот инстаграм – профил на бендот, а веднаш по промоцијата таа се обрати до верната публика:
– Со радост и задоволство ви го претставувам новиот сингл на Ареа насловен како „Отсекогаш“. Посебно ми е драго што песната е поткрепена со врвното видео на Даниел Јовески кое ја дополни целата приказна на најубав можен начин. Покрај Ареа во видеото се појавуваат Илија Трале Левески и Марија Стојановска во својство на актери, кои извонредно ја изнесоа приказната, стои во објавата на Ружица.
Оваа песна е и најава за новиот албум на групата, седми по ред или шести студиски како што изјавиле членовите на бендот во интервју Елементал.мк.