Кралицата на поп музиката, Мадона (62) на социјалната мрежа Инстаграм објави видеа во кои се пофали дека за време на празниците отпатувала со децата во Малави.
Имено, пејачката, која има шест деца – две биолошки и четири посвоени од Африка, ги донесе своите посвоени деца во земјата каде што се родени, во Малави.
Таа објави видеа кои покажуваат дека со децата ја посетила локалната детска болница, семејството на нејзиниот посвоен син Дејвид Банда, открила дека го посетила и претседателот на Малави, со кого разговарала за иднината на оваа земја, а притоа заминале и на сафари.
„Топлото срце на Африка“, напиша Мадона во описот на видеото на кое се гледа како нејзината ќерка ужива во сончевите зраци над Африка во авион.
Мадона ги има посвоено синот Дејвид Банда (15), ќерката Марси Џејмс (15) и близначките Стела и Естер чии корени потекнуваа од Малави.
Мадона успеа да патува во Малави и покрај фактот дека таа земја ги затвори своите граници поради пандемијата на коронарниот вирус, но американските граѓани можат да влезат и да ја напуштат таа земја.
Да се потсетиме, Мадона има и две биолошки деца, 24-годишната Лурдес која е плод на врската на Мадона со поранешниот тренер Карлос Леон, додека 20-годишниот син Роко го доби со поранешниот сопруг и режисер Гај Ричи, со кого беше во брак 8 години.