Оваа емотивна реклама во две минути ја опиша борбата на старите луѓе со новонастанатата ситуација… За оваа божиќна реклама многумина сметаа дека е една од најдобрите која е снимена оваа година, поради фактот што таа собра десетици милони прегледи откако беше објавена пред две недели… Двеминутната реклама го следи стариот човек кој, изолиран поради пандемијата на коронавирусот, започнува сам да вежба. Постариот човек се бори и едвај зема здив, но го мотивира врамената фотографија, која публиката не може да ја види. Моментот во кој се открива поради што овој стар човек цела година тренира, на многумина им го скрши срцето. Погледнете го видеото…