Вечерва во заостанатиот натпревар од првото коло во Премиер лигата Манчестер сити ја оправда фаворитската улога против Астон Вила (2:0).
Тоа е вкупно деветти триумф по ред за составот на Пеп Гвардиола во сите натпреварувања.
Еден отворенен мече од двете страни, шанси имаа и домаќините и гостите, но на крајот тимот од „Етихад“ славеше со головите на Бернардо Силва во 79 и Гундоган во последната минута од средбата од белата точка.
Сега „граѓаните“ се првопласирани на табелата со 38 бодови, колку што има и второпласираниот Лестер, а третопласиран е Манчестер јунајтед (37) кој својот меч го има вечерва на гостувањето кај Фулам.
Да додадеме уште дека дуелот помеѓу Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и Саутемптон кој требаше да се одигра денеска од 19.00 часот е одложен поради вчерашниот настап на Саутемптон во ФА купот.