Фудбалерите на Манчестер сити со 2:0 го совладаа Њукасл во 15. коло од Премиер лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола го „преживеа“ првиот предизвик во божикното и новогодинешното лудило во Англија.

Иако не може да смета на главниот напаѓач Габриел Жесус кој е позитивен на коронавирус, Гвардиола решението во нападот го најде во летното засилување Феран Торес кој го постигна вториот гол за својот тим во 55. минута. Претходно водство на Манчестер сити донесе Илкај Гундоган во 14. минута.

Сепак, приказна на денот во Премиер лигата е Арсенал кој конечно проигра и тоа во големото лондонско дерби против Челси. „Топчиите“ славеа со 3:1 но менаџерот Микел Артера има повеќе причини за задоволство од трите бода, неговите избраници конечно одиграа одличен натпревар и му одржаа лекција по фудбал на Челси.

Арсенал поведе во 34. минута со голот на Александер Лаказет кој беше прецизен од белата точка. Пред крајот на полувремето, водството на Арсенал го зголеми Гранит Џака со одличниот гол од слободен удар. Во второто полувреме, Бакајо Сако во 56. мнута зголеми на 3:0, а почесниот гол за Челси беше дело на Рами Абрахам во 85. минута. „Сините“ имаа одлична шанса да внесат резултатска неизвесност во финишот, но голманот на Арсенал, Бернд Лено го одбрани шутот од пенал на Жоргињо.

Резултати:
Лестер – Манчестер јунатед 2:2
Астон Вила – Кристал Палас 3:0
Фулам – Саутемптон 0:0
Арсенал – Челси 3:1
Манчестер сити – Њукасл 2:0
Шефилд – Евертон 0:1