Готово е, Езџан Алиоски следната сезона ќе го носи дресот на Ал Ахли од Саудиска Арабија. Самиот трансфер го потврди нашиот репрезентативец на социјалните мрежи, но и клубот кој направи промотивно видео. Потврдата на трансферот следува на денот на роденденот на претседателот на клубот Маџед Ал Нафаи.
Во видеото Алиоски му го честита роденденот и како што вели драго му е што токму на тој ден е официјализиран трансферот. Наскоро Алиоски ќе се приклучи на новиот тим.
Иако засега деталите не се познати, сепак претходно беше објавено дека македонскиот репрезентативец ќе потпише двегодишен договор во вредност од 5 милиони евра. Алиоски по истекот на четиригодишниот договор се раздели со Лидс. Алиоски ќе игра во ист клуб со Бразилецот Паулињо кој потпиша тригодишен договор.
Ал Ахли четири пати бил шампион на Саудиска Арабија, еднаш ја освоил Арапската Лига на шампиони, а еднаш стигнал до финалето на Азиската лига на шампиони.