Од засега непознати причини избувна пожар на покривот на катната гаража „26 јули“ карши Рамстор. Како што јавува ТВ21 гори покривот, односно просторот каде се наоѓа ресторанот Рагуза. Екипите се на терен, а засега причините за пожарот не се познати.