Прекрасната Моли Смит ја покажа својата неверојатна фигура позирајќи во горен дел од црвено бикини и кратки карирани шорцеви. Нејзините извајани стомачни мускули сигурно ќе бидат предмет на завист на многу девојки, па затоа Моли не се двоуми да го покаже она што го има.
Додека позираше на хит-песната од Сабрина Карпентер „Is It New Year’s Yet“, Моли ги привлече сите погледи истакнувајќи го својот изглед во провокативна комбинација.
„Изгубив поим за деновите“, напиша кратко под објавата во која покажа и како ја реновирала кујната заедно со нејзиниот избраник Том Клер.
Моли и Том се запознале за време на првата сезона на All Stars во јануари 2024 година, а куќата ја купиле само шест месеци откако почнале да се забавуваат.
Прекрасната куќа во винтиџ стил, сместена во Барнсли, има голема градина, три спални соби и три бањи.
Оваа објава доаѓа кратко по уште попровокативната, во која Моли позира во бикини на снег и со модни додатоци што потсетуваат на секси „баба Мразица“.
Текстот (Видео) „Гори“ и во лето и во зима: Снегот и бикините се она што ѝ треба на нејзиното убиствено тело е превземен од МАКФАКС.























