Во саботното дерби во рамките од 14 премиерлигашко коло Манчестер сити запиша три бода на гостувањето кај Саутемптон.
„Граѓаните“ славеа со минимален резултат 0:1, а единствениот гол се случи во 16 минута преку Стерлинг после асистенцијатана Кевин де Брујн.
На играта на домаќините влијаеше и повредата на Дени Ингс кој мораше да го напушти теренот во 41 минута од средбата.
После шестата победа во 13 одиграни натпревари Сити е петтопласиран на табелата со 23 бодови, еден помалку од „Светците“ на четвртата позиција со 14 мечеви.
Водечки е актуелниот шампион Ливерпул (31), пред Тотенхем кој има 25, а Лестер 24.