Алисон Бекер влезе во историјата на Ливерпул како прв нивен голман кој постигнал гол на официјален меч. Тоа се случи синоќа против ВБА, меч на кој неговиот тим славеше со 2:1, а тој со глава го постигна победничкиот гол по еден корнер во 95-та минута. Голот го посвети на својот татко кој е починат.
-Навистина не може ова да се објасни. Но, мислам дека Господ ставил рака на мојата глава. Сечувствувам благословено. Полн сум со емоции по сето она што се случуваше на моето семејство и на мене. Фудбалот е мојот живот. Откако знам за себе играв со мојот татко. Се надевам дека тој можеше да го види ова. Сигурен сум дека заедно со Господ сега слави, вели Алисон.