Веќе неколку дена ДУИ и Али Ахмети беа во центарот на вниманието на јавноста. Најави дека на 5-ти јини ќе објави голема идеја, за која како што најави ќе се дебатира исто како за идејата „прв Албанец за премиер“. Се чини дека неговиот пи-ар успеа, бидејќи сите чекаа да видат што ќе се случи. Многу медиуми шпекулираа дека заедно со СДСМ ќе предложат Албанец за градоначалник на Скопје, па почнаа да се шпекулираат имиња. Но, големата тајна на Ахмети била тоа што стануваат зелена партија, односно ќе имаат зелена агенда. На Денот на животната средина објавија дека во нивната програма тоа ќе биде главната цел, бидејќи претходно ги исполниле сите ветувања, како што се правата за Албанците, Македонија влегла во НАТО, очекуваат датум за преговори, е сега на ред е животната средина. Сепак, поголемо изненадување беше тоа што тој проговори денеска на македонски јазик, нешто што речиси и да не се случува, отколку тоа што најави зелена агенда.