Запленет над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин вреден над 50 милиони евра, разбиена меѓународна криминална група
Денеска полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога во соработка и координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство на Турција, Царинските служби на Турција и Северна Македонија, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа) реализираа меѓународна полициска акција во која на скопскиот аеродром се запленети над еден тон прекурзор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.