
Повеќе бродови и јахти се изгорени вечерва во големиот пожар на пристаништето во Каштел Гомилица во Хрватска. Како што објави „Н1“, пожарот избувнал во 20 и 15 часот на еден од бродовите во марината, а потоа се проширил и на останатите јахти и бродови во близина.
Според првичните информации, пожарот бил локализиран за околу еден час и зафатил пет бродови, а информации за повредени засега нема. Хрватските медиуми пишуваат дека гори пластика, па црниот густ чад и непријатната миризба се чувствувале и во Сплит.