Пред неколку дена се случил сериозен инцидент за време на снимањето на емисијата „Acces direct“ на романската телевизија „А1“.
Водителката Мирела Вајда била шокирана откако во студиото додека била вклучена во живо ја нападнала непозната жена.
Имено, целосно гола жена влетала во студиото со цигла во рака со која сакала да ја погоди водителката, но за среќа не успеала во својата намера.
Вработени во телевизијата веднаш дотрчале и успеале да ја фатат жената пред да ја повреди водителката. Засега не се познати причините зошто жената се осмелила на ваков чин…