АЕК Ларнака и Докса одиграа без победник 1:1. Во конечниот исход влијание врз резултатот имаа двајца македонски интернационалци. Во дресот на АЕК Иван Тричковски беше стрелец за 1:0 во 26-та минута. Но, Шишковски подоцна одговори со асистенција при која неговиот тим Докса постигна гол за 1:1.

По двајца Македонци има во двата тима. Тричковски одигра цел меч, додека Стефан Спировски остана на клупата за резерви кај АЕК. На спротивната страна и Шишковски и Душко Трајчевски одиграа цел меч.